• сабота, 06 декември 2025

Романо: Тен Хаг потпиша за Баер Леверкузен

Романо: Тен Хаг потпиша за Баер Леверкузен

Леверкузен, 25 мај 2025 (МИА) - Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, ќе стане тренер на Баер, објави новинарот Фабрицио Романо на социјалните мрежи.

Според Романо, договорот е постигнат за две години до јуни 2027 година, а ќе биде потпишан во текот на утрешниот ден.

Баер Леверкузен објави дека Чаби Алонсо ќе се повлече од функцијата главен тренер на крајот од тековната сезона.

Тен Хаг е без ангажман од октомври 2024 година, откако го напушти Манчестер јунајтед со кого ги освои ФА Купот и англискиот Лига Куп. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан