• понеделник, 23 декември 2024

Романот „Јамболија што лае“ од Киро Донев преведен и објавен на босански

Романот „Јамболија што лае“ од Киро Донев преведен и објавен на босански

Струмица, 19 јуни 2023 (МИА) - Романот „Јамболија што лае“ од македонскиот детски писател Киро Донев (1942) е преведен и објавен на босански.

Издавач е БХ „Планјакс" од Тешањ, а Нове Цветановски, директор на „Македоника литера“ од Скопје, која го објави оригиналното издание, во рецензија напиша дека Киро Донев е автор со докажана висока естетска вредност во современата македонска детска литература.

Книгата „Јамболија што лае" е роман во кој животните зборуваат, а главни ликови се миленичиња-куче и мачка, но и пензиониран зоолог, неговата жена учител и нивниот внук. Во овој роман се се случува помеѓу спиењето и реалноста. Авторот им дарува на децата фантазија, весел креативен дух и здрава чувствителност.

Романот го преведе Жарко Милениќ, кој е најактивниот преведувач од македонски јазик и ова е десетта книга што ја превел од нашиот јазик.

Книгата е објавена со помош на Министерството за култура на Република Северна Македонија, a претходно е преведена и објавена на бугарски и укрански јазик. рт/дма/

Фото:Издавач на книгата

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан