• вторник, 02 јули 2024

Родригез пристигна во Ливерпул

Родригез пристигна во Ливерпул
Ливерпул, 7 септември 2020 (МИА) - Хамес Родригез пристигна во Ливерпул за да го финализира трансферот од Реал Мадрид во Евертон. 29-годишниот Колумбиец се очекува да потпише 3-годишен договор со „карамелите“. Англискиот клуб ќе плати околу 20 милиони фунти како трансфер. Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти е добро запознаен со квалитетите на Родригез, со кого работеше во Реал и Баерн. Хамес ќе им се придружи на своите нови соиграчи веднаш штом стане играч на клубот. За неколку дена започнува новата сезона во Премиер лигата, а во недела Евертон гостува кај Тотенхем во натпревар од првото коло. Колумбиецот ќе биде второто ново засилување на „карамелите“ ова лето, откако Алан пристигна од Наполи.

Тагови

Остани поврзан