• сабота, 23 ноември 2024

„Родео“ - македонскиот тим за „Red Bull Can Yоu Маkе It?” за 2024 година

„Родео“ - македонскиот тим за „Red Bull Can Yоu Маkе It?” за 2024 година

Скопје, 19 април 2024 (МИА) - Познати се македонските претставници на настанот „Red Bull Can Yоu Маkе It?” за 2024 година. Тоа се Петар (20), Марко (21) и Павел (20), кои го сочинуваат тимот „Родео”.

„Нашето име кажува многу за нас - уживаме во процесот на претворање на секој предизвик во победа преку демонстрација на најкреативното решение за краен успех. Секогаш подготвени за многу забава, умешно снаоѓање и одење до крај... Till you make it!”, изјавија момците од тимот.

Натпреварот е всушност уникатна авантура во којашто екипи составени од по три члена, од различни земји, треба за седум дена да пропатуваат низ Европа, без паричник и без свој мобилен телефон, а користејќи ги единствено „Ред бул“ лименките како „валута“. Патешествието почнува на 21 мај.

Во натпреварот има пет почетни градови од каде што патувањето тргнува: Милано, Копенхаген, Будимпешта, Барселона и Амстердам. Крајната цел е Берлин.

Следното правило гласи: Користење исклучиво „Ред бул“ лименка како валута! Тимовите треба да менуваат лименки за буквално сѐ што им е потребно - храна, превоз, место за спиење и друго. 

Секој учесник ќе добие посебен мобилен со една претходно инсталирана апликација преку којашто, во живо, ќе го споделуваат патувањето со следачите на интернет-страницата redbullcanyoumakeit.com .

3а крај... Задолжителна е посета на шест контролни точки, распоредени во различни градови ширум Европа, каде натпреварувачите ќе имаат задача да прифатат различни предизвици. Задачите носат бодови, а победник е оној тим којшто ќе собере најмногу бодови, а не оние кои први ќе стигнат до крајната цел.  си/

Фото: Тим „Родео”

Остани поврзан