• сабота, 23 ноември 2024

Рогоф: Иако не требаше, САД речиси сигурно влегуваат во рецесија

Рогоф: Иако не требаше, САД речиси сигурно влегуваат во рецесија
Вашингтон, 10 јули 2022 (МИА) – Поранешниот главен економист на Меѓународен монетарен фонд Кен Рогоф изјави дека речиси е невозможно американските Федерални резерви (ФЕД) да ја намалат инфлацијата без да ја втурната американската економија во рецесија. - ФЕД мора брзо да одлучат, или брзо ќе ја намалат инфлацијата или ќе нè турнат во рецесија. Мислам дека тие само кажуваат дека ќе ја намалат инфлацијата, истакна Рогоф. Тој истакна дека е лут поради тоа што се случува со економијата. - Мислам дека ова не мораше да се случи. Предолго ја притискаме педалата за гас, наведе професорот по економија на Универзитетот Харвард Рогоф, исто така, ги посочи проблемите во синџирите на снабдување и војната во Украина како дополнителни причини за инфлациската криза, што според него е поголем предизвик отколку што мислеше ФЕД. - Мислам дека треба да се движиме бавно, да оставиме инфлацијата да остане висока неколку години и да го решаваме проблемот побавно. Нема лесен излез од ова, потенцира Рогоф. ми/

Остани поврзан