• сабота, 23 ноември 2024

Роблес: Шпанија ќе испрати противвоздушни ракети „Патриот“ во Украина

Роблес: Шпанија ќе испрати противвоздушни ракети „Патриот“ во Украина

Мадрид, 26 април 2024 (МИА) - Шпанија ќе испрати противвоздушни ракети „Патриот“ во Украина, потврди денеска шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес.

Роблес најави испорака на комплет проектили за системи за противвоздушна одбрана на состанокот на контакт групата за одбрана на Украина, на кој таа учествуваше преку видео конференција.

Во соопштението на шпанското Министерство за одбрана за ова прашање не се споменува бројот на ракети што Шпанија ќе ги испрати.

Министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ во понеделникот ветија дека ќе ја продолжат помошта за Украина, откако американскиот Конгрес го одобри големиот пакет помош за Киев.

Шпанија е една од ретките земји што има противвоздушни системи „Патриот“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека неговата земја треба да добие најмалку седум противвоздушни ракетни комплекси „Патриот“. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан