• понеделник, 23 декември 2024

Роби Вилијамс се самоизолирал на планина во Швајцарија

Роби Вилијамс се самоизолирал на планина во Швајцарија
Лондон, 4 септември 2020 (МИА) - Поп-пејачот Роби Вилијамс ја минува корона-пандемијата на планина во Швајцарија. Тој тоа го откри во видеоразговор со Стив Рајт за Би-би-си радио 2. - Е па, да, јас сум малку невротичен и си мислев - каде да се сместам, за (коронавирусот) да не „ме фати“? Па, си велам - ќе одам шест месеци на Мон Блан, објасни Роби. Поп-ѕвездата е на Алпите со своето семејство. Минатиот месец, тој и сопругата Аида ја прославија 10-годишнината од бракот. Имаат четири деца: ќерките Теди и Коко (родени 2012 и 2018 година), синот Чарли (2014 година) и Бју, роден годинава од сурогат-мајка, како и Коко. Натаму во кусото интервју, Роби говореше за тоа колку лошо корона-кризата влијае врз светската музичка сцена и за тоа дека неговите деца, или барем Теди можеби ќе тргне по неговите стапки. си/сд/

Остани поврзан