• понеделник, 23 декември 2024

Роби Вилијамс бил мета на платен убиец

Роби Вилијамс бил мета на платен убиец
Лондон, 17 jaнуари 2022 (МИА) - Британскиот музичар Роби Вилијамс во неодамнешно интервју за „Мирор“ ја откри темната страна на славата. Имено, според неговите кажувања, тој бил цел на платен убиец. - Никогаш не сум го кажал ова, но имав платен убиец над мојата глава. Никогаш не зборував за тоа во јавноста. Го нема никаде тоа. Имам пријатели... Тоа се работи за кои не се зборува кога ќе станеш познат, вели пејачот. Роби (47) потоа раскажува дека во животот на големите ѕвезди, најтешко е справувањето со славата. - Во еден миг од мојот живот бев неверојатно познат. Познат,  во стилот на Мајкл Џексон. Станав популарен кога имав 17 години. На 16 бев во „момчешки бенд“, а кога имав 21, започнав солокариера. Продадов 80 милиони албуми, го држев рекордот по бројот на продадени билети за еден ден за турнејата, иstakna Роби. Сепак, тој вели дека ѕвездите мора да се помират со фактот дека кога се познати „им се одзема“ приватноста. - Сакам да одам на нормални места каде што не можам да одам затоа што луѓето сакаат да ме убијат. Потребно е некое време за да се помириш со тоа... Јас, на пример, имам анксиозност и не сакам да запознавам туѓинци, а туѓинците сакаат да запознаваат мене и јас сум засрамен поради тоа. Тоа е тоа што всушност ме прави вознемирен!, објасни поп-пејачот.  си/ми/

Остани поврзан