• петок, 28 јуни 2024

Рибери ќе ја напушти Фиорентина како слободен агент

Рибери ќе ја напушти Фиорентина како слободен агент
Фиренца, 30 јуни 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска на Фиорентина, Франк Рибери ќе го напушти клубот, објави новинарот Николо Шира. Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, клубот од Фиренца одлучил да не го продолжи договорот со 38-годишниот Французин. Виолетовите му го понудија играч на Лацио, но римскиот клуб не е заинтересиран за фудбалерот со богата кариера. Минатата сезона Рибери одигра 30 натпревари, на кои постигна два гола и направи шест асистенции. зс/

Остани поврзан