• среда, 03 јули 2024

Рибери: Очекував поголема почит од Фиорентина

Рибери: Очекував поголема почит од Фиорентина
Рим, 10 јули 2021 (МИА) - Играчот за врска Франк Рибери го прокоментира заминувањето од Фиорентина поради истекот на неговиот договор. - Поминав две прекрасни години во Фиренца. Жал ми е што заминав, сакав да останам тука уште една сезона. Го дадов максимумот на натпреварите за Фиорентина, но никој не разговараше за новиот договор со мене. Очекував повеќе респект од раководството на клубот од Фиренца, изјави 38-годишниот Рибери за „Фудбал Италија“. Минатата сезона Французинот одигра 30 натпревари, на кои постигна два гола и направи шест асистенции. зс/

Остани поврзан