• петок, 22 ноември 2024

Рељиќ ја доби олимписката шампионка за противничка во првото коло

Рељиќ ја доби олимписката шампионка за противничка во првото коло

Париз, 7 август 2024 (МИА) – Македонската таеквондистка Мила Рељиќ немаше среќа на денешната ждрепка на Олимписките игри во Париз.

Македонката за ривалка во првото коло ја доби двократната олимписка шампионка Џејд Џонс од Велика Британија.

- Британката Џеј Џојсон е олимписка шампионка и носителка на многу медали од големи натпреварувања, но тоа не ме обесхрабрува, ми дава уште поголем мотив да ја победам, па да стигнам и до медал, изјави македонската таеквондистка.

Борбата ќе се одржи утре околу пладне. За Рељиќ ова ќе биде деби настап на Олимпијадите. зс/

Фото: МОК

Остани поврзан