„РејсингЊуз365“: Сајнц преговара со Мерцедес за договор 1+1
- Возачот на Ферари, Карлос Сајнц може да потпише краткорочен договор со Мерцедес, пишува „RacingNews365“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.
Лондон, 16 април 2024 (МИА) - Возачот на Ферари, Карлос Сајнц може да потпише краткорочен договор со Мерцедес, пишува „RacingNews365“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.
Според изданието, 29-годишниот шпански возач во Формула 1 се уште не се договорил со германскиот тим да потпише договор. Сепак, страните всушност преговараат и разговараат за договор според шемата „1+1“.
Забележано е дека доколку договорот биде склучен, Мерцедес ќе има можност да го оцени својот помлад Кими Антонели во 2025 година и да одлучи дали е подготвен да го претставува тимот во сезоната 2026 година.
На почетокот на февруари, се дозна дека возачот на „Сребрените стрели“, Луис Хамилтон, ќе се приклучи на Ферари во 2025 година, каде што ќе го заземе местото на Сајнц. Во моментов, Шпанецот е на четвртото место во поединечниот поредок во Формула 1. зс/
Фото: ЕПА