• петок, 27 декември 2024

Претстојните избори во реториката на партиите - од техничка влада, до можни пред или пост изборни коалиции

Претстојните избори во реториката на партиите - од техничка влада, до можни пред или пост изборни коалиции

Скопје, 26 декември 2023 (МИА) – Составот на техничката влада ќе го договараат лидерите на партиите, но откако за тоа ќе одлучуваат највисоките партиски тела. Техничкиот премиер, доколку предлогот биде Талат Џафери, за опозицијата не заслужува да добие поддршка, но, во интерес на добра атмосфера, како што велат, ќе бидат присутни, а ќе се воздржат од гласање. Претстојната изборна година веќе се чувствуа во реториката на политичките партии, од техничката влада, до можни пред или пост изборни коалиции. Така, власта веќе размислува за можен мандатар по изборите, за што премиерот Димитар Ковачевски вели дека тој повторно ќе биде мандатар и дека во тек се разговорите за настап на изборите.

Премиерот Ковачевски, претходно неделава од Битола најави дека ќе побара средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со техничката влада откако ќе заседаваат партиските органи. Средбата рече дека нема да биде најавувана преку медиуми, туку ќе била разговор за распределба на ресорите во техничката влада.

ППремиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во Владата ќе има промена само на министерското место за локална самоуправа, но не и на челните места на други министерства.

Тој вчера изјави дека се водат разговори и со традиционалните коалициски партнери и со другите коалициски партнери во Владата, и како што рече, треба да се остави простор врз основа на емпириските анализи и врз основа на програмското и кадровското усогласување, да се дојде до заедничка одлука за конкретниот настап на изборите.

Одговарајќи на новинарско прашање дали е можно СДСМ и ДУИ да одат посебно на изборите и како напредуваат разговорите за предизборна коалиција, тој повтори дека коалициите се прават врз основа на вредности.

- Едно е сигурно, на изборите ќе има два блока, едниот е блокот што се залага за европска интеграција на државата и тој ќе го предводи СДСМ со претседателски кандидат предложен од СДСМ и на изборите на 24 април тој ќе биде победничкиот кандидат, а на изборите на 8 мај коалицијата за европска интеграција на Македонија ќе биде победничката коалиција и јас повторно ќе бидам мандатар за составување на следната влада. Коалициите се прават врз основа на вредности. Ние покажавме во текот на изминатиот мандат и претходно, дека можеме да донесеме одлуки кои значат просперитет за државата, пред се тука мислам на евроатлантските интеграции, но и на економски просперитет, рече Ковачевски. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, вчера изјави дека прифаќа јавна средба со премерот Ковачевски и рече дека партијата нема да го поддржи собранискиот спикер Талат Џафери за технички премиер. 
 
Мицкоски, вчера на прес-конференција рече дека немал тајна средба со Ковачевски, но оти, како што посочи, стои на располагање доколку го повика на јавна средба за усогласување во врска со техничката Влада, тоа да го направи. Според него, Талат Џафери не ја заслужува поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за технички премиер и во интерес на добрата атмосфера и демократскиот процес партијата би се воздржала од гласање.

Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска по завршувањето на работниот состанок со градоначалниците, на кој се разговарало за динамиката на реализација на проектите предвиден

- Стојам на располагање, само терминот да го усогласиме. Не гледам зошто тоа би било далеку од лицето на јавноста. Ценам дека јавноста треба да биде запознаена. Мислам дека на народот му е преку глава од такви тајни средби, преговори и договарања, изјави Мицкоски.

Крајниот термин за техничката влада, посочи Мицкоски, е 28 јануари и тој што ја организира треба да каже термин и време да се усогласат распоредите.

За можноста за коалицирање, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу рече дека АА се уште нема одлучено дали ќе бидат дел од опозицијата, ќе останат со владејачката коалиција или ќе одат самостојно на претстојните парламентарни избори. 

Граѓаните на Северна Македонија од овој месец ќе имаат за 30 проценти поевтин роаминг со земјите од ЕУ, потврди денеска министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

- Нашата партија е отворена и гледате дека сите партии едноставно сакаат Алијанса за Албанците да биде дел од тој кластер. Значи дали ќе биде тој кластер во којшто сме во моментот, во Влада или опозицискиот кластер, како и да е ние како партија имаме состаноци прво внатре и ние ги имаме нашите линии поврзани со политиките и креирање на политики во државата и ќе се одлучи на крајот на денот да бидеме дел или да одиме сами или да бидеме дел од некоја коалиција врз основа на активностите и плановите кои таа група на партии ги имам рече Алиу.

Политичката партија ДОМ, која е дел од владејачката коалиција, неодамна изјавија дека формирале тим кој по празниците ќе почне разговори за коалицирање со СДСМ на претстојните парламентарни избори.

Со цел успешно справување со здравствените и социо-економските последици од корона кризата, Зелената партија ДОМ предлага ЗЕЛЕН ПОСТ-КОРОНА ПЛАН, за економски развој, заштита на здравјето, жи

Според претседателката на ДОМ, Маја Морачанин на Централниот одбор на партијата донеле одлука да влезат во преговори со СДСМ за заеднички настап на претстојните парламентарни избори. Таа посочи дека за ДОМ е прифатливо Талат Џафери да биде технички премиер во преодната влада, а Јован Митревски претседател на Собранието. 

Вчера, албанските опозициски партии Алтернатива, Движењето Беса и Демократското движење, обединети во коалицијата Европски сојуз за промена, отворија заедничка канцеларија во Старата скопска чаршија. Тие најавија дека на претстојните избори во коалицијата ќе се вклучи и косовската политичка партија Самоопределување со која ќе се води заедничка кампања и ќе има заеднички изборни листи. 

Во однос на тоа, премиерот вели дека дека досега не слушнал дека партии од други држави учествуваат во изборен процес на друга држава, иако, како што рече, не е непознато сестрински партии да учествуваат во политичка поддршка на партии во други држави.

Според Ковачевски, треба да се види на што точно се мисли кога станува збор за најавата дека на претстојните избори, заедно со албанскиот опозициски блок, ќе се вклучи и партијата на косовскиот премиер Албин Курти. Треба да се провери, додаде, и Изборниот законик, но и на кој начин претставници на оваа партија би учествувале на изборите.

Тој смета дека ако почнат политички партии од соседството да учествуваат на избори во нашата држава, тогаш може да се случи и од други држави да сакаат да учествуваат на изборите во Северна Македонија, што би претставувало, како што рече, не толку посакувана динамика. 

Мицкоски, пак, на оваа тема, во одговор на новинарско прашање, рече дека тоа е дел од фолклорот во предизборието.

- Тоа е, претпоставувам, дел од тој фолклор што следи во предизборниот период. Тоа е одлука на тие што го направиле изборот. Претпоставувам,  за да бидат дел од листите треба да се македонски државјани, да исполнуваат законски норми, подвлече Мицкоски. ар/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан