• вторник, 24 декември 2024

Пред почетокот на учебната година најавен протест на СДСМ пред МОН, Самостојниот синдикат за образование се оградува

Пред почетокот на учебната година најавен протест на СДСМ пред МОН, Самостојниот синдикат за образование се оградува

Скопје, 1 септември 2024 (МИА) - Пред стартот на новата учебна година, најавен е протест пред Министерството за образование и наука за повисоки плати во образованието организиран од опозициската СДСМ. Од Самостојниот синдикат за образование и наука се оградија од протестот со образложение дека нивни членови нема да учествуваат во политички протести. Со став излезе и министерката за образование и наука според која партијата што го организира протестот имала можност во изминатиот период да го подобри статусот на наставниците. 

Од СДСМ вчера на прес-конференција најавија дека ќе организираат протест под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги плати“ и ги повикаа просветните работници без разлика на нивните политички убедувања да се приклучат на протестот. 

- Под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги платите!“ ќе побараме да се покачат платите во образованието за 12 проценти и да им се исполнат барањата на наставниците. Овој собир, пред почеток на училишната година е еден аларм, едно предупредување. Тоа е собир на којшто ќе биде искажан револтот од погрешните политики во образованието од страна на владата на ДПМНЕ и Весна Јаневска, изјави вчера Даниела Николова од СДСМ.

СООПШТЕНИЕ

Од Самостојниот синдикат на образование, наука и култура (СОНК) ги повикаа нивните членови да не учествуваат на протести, освен на активности што ги организира СОНК. Претседателот на СОНК  Јаким Неделков во изјава за МИА оцени дека секое мешање на политичките партии во образованието може да биде контрапродуктивно. 

- Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија - СОНК, како најголем синдикат за образование и наука, во кој членуваат над 20.000 просветни работници, се оградува од секаков вид на политички влијанија и дејствија во образованието. Во период на интензивни преговори за изнаоѓање решение и средства за подигнување на социјалниот статус на вработените во образованието, делувањето на политичките партии и преземањето на улогата на синдикатите, упатува на купување на ситни политички поени и може да има сосема спротивен ефект, напиша Неделков на Фејсбук.

Од Синдикатот најавуваат дека ќе продолжат да делуваат со сите расположиви синдикални средства во натамошниот период, се до остварувањето на нивната цел. 

Со оглед на тоа што денеска и официјално од Министерството за образование и наука имаше изјава дека има сериозен пристап кон решавање на овој проблем односно максимални напори да се доближат

Со свој став излезе и министерката за образование и наука Весна Јаневска.  Во изјава за МИА, министерката нагласува дека останува на ставот да се бори за подобрување на статусот на наставниците и дека во првиот момент кога ќе има можност за зголемување на платите, откако ќе се стабилизира Буџетот, тоа ќе биде направено. 

- Како Влада и како министер кој доаѓа од редот на наставниците, ќе се бориме да има контиунитет во подобрување на статусот на наставникот и нема да се откажеме од тоа да ги доведеме на вистинското место во општеството, не само во однос на платите. Постојано ќе бидеме во контакт со социјалните партнери - со синдикатите кои ќе работат независно, а не поттикнати од политички партии. Ќе разговараме и ќе бараме начини како да го подобриме статусот на наставникот, вели Јаневска.

Весна Јанвеска која ќе биде министер за образование и наука во новата Влада, е родена на 27 јуни 1958 година во Скопје. Таа е доктор на науки на Медицинскиот факултет при УКИМ  во Скопје, спе

Посочува дека со ребалансот на Буџетот се обезбедени 900 милиони денари за плати за наставниците, а се прават напори во ноември или декември наставниците да добијат и регрес за годишен одмор. 

На почетокот на новата учебна година, која почнува утре, најавени се протести и од страна на Независниот синдикат за образование кои ќе се одржуваат по завршување на часовите. бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан