• понеделник, 23 декември 2024

Американската „црна листа“ ќе биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми

Американската „црна листа“ ќе биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми

Скопје, 12 јануари 2024 (МИА) – Министерството за надворешни работи започнува јавна расправа за измени на Законот за рестриктивни мерки со кои и американската „црна листа“ ќе биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми. Предлог измените, како што најави министерот Бујар Османи, предвидуваат и воведување на два важни инструменти, институцијата предлагач да ги побара и да ги поднесе сите материјални докази до Обвинителството, а ЈО да почне постапка, вклучувајќи и конфискација на имот и доколку заврши со обвинение, се предвидува и времено спречување на вршење на јавна функција и и забрана за учество во јавни набавки доколку се работи за правни субјекти.

„Црната листа“ на американскиот Стејт департмент минатата година се прошири со неколку звучни имиња од земјава. Поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев, Орце Камчев, Сергеј Самсоненко, Рамиз Мерко ... им се придружија на поранешнот премиер Никола Груевски и екс шефот на УБК Сашо Мијалков. По ова, Владата во ноември минатата година, најави дека работи на иницијатива за промени на законската регулатива во однос на третманот на лица коишто се на листа на санкции, така што ќе се прошири опфатот и освен ОН и ЕУ да бидат вклучени и санкциите, кои ги воведуваат САД.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, вчера на брифинг со новинари, појасни дека со предложените законски измени, освен проширување на основот за воведување на рестриктивни мерки се предлагаат и два важни инструменти, Јавното обвинителство законски се обврзува веднаш да почне постапка и доколку се подигне обвинение да настапи и времено престанување на вршење на јавна функција и забрана за учество во процесот на јавни набавки се до правосилна судска одлука.

Прес-конференција на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

-Како инструменти што ги има државата при воведување рестриктивни мерки се покрај ембарго за оружје, забрана за влез во Северна Македонија за граѓани коишто не се државјани на Република Северна Македонија, се разбира и финансиски мерки вклучувајќи конфискација на имот, меѓутоа се проширува Законот со уште еден опфат, а тоа е прво, од целите на Законот освен меѓународната безбедност, демократијата, се воведува и корупцијата, злоупотреба на службената должност и хибридните закани кон државата како цели коишто сакаме да ги постигнеме со измените на Законот за рестриктивни мерки, а се додаваат два важни инструменти, откако се задолжува институцијата предлагач да ги достави сите докази - материјални, нематеријални до Јавното обвинителство, а ЈО законски се обврзува веднаш да почне постапка, кривична постапка, вклучувајќи и конфискација на имот, и доколку заврши таа истрага со подигнување на обвинение тогаш се воведуваат два нови инструменти, а тоа е времено престанување на вршење на јавна функција и забрана за учество во процесот на јавни набавки се до правосилна судска одлука, појасни Османи.

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, на крајот на декември на брифинг со медиумите, кажа дека Владата треба да создаде правни предуслови за тука, во земјава, во рамки на македонскиот правосуден систем, да се процесуираат лицата кои се ставени на црна листа во други држави.

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, по ставањето на Кочо Анѓуше на листата, порача дека тоа е уште еден доказ дека САД ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во земјава и најави дека ќе следуваат повеќе назначувања. Таа тогаш кажа дека „ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Северна Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени“.

Законот за ветинг за судиите, обвинителите и политичарите е подолго време во Собранието, но ЕУ првично имаше резерви во овој процес. Што се однесува до Врховниот суд, во надлежност на Судскио

Ваквите законски измени Османи ги најави, откако завчера на средба со неговиот партиски лидер Али Ахмети,  холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп упати остра порака дека „посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена по постојаниот пад во владеењето на правото во земјава“.

Холандската амбасада завчера информираше за средба меѓу холандскиот амбасадор и лидерот на ДУИ Али Ахмети на која, како што стои во објавата од Амбасадата, амбасадорот ја пренел пораката дека посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена по постојаниот пад во владеењето на правото во земјава“, како и дека „неприфатливо е несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд“.

Од ДУИ пак информираа дека владеењето на правото и проверката за сите судии и обвинители биле дел од разговорот меѓу Ахмети и амбасадорот Дирк Јан Коп.

-  Законот за ветинг за судиите, обвинителите и политичарите е подолго време во Собранието, но ЕУ првично имаше резерви во овој процес, повикувајќи се на примерот со Република Албанија. Што се однесува до Врховниот суд, Ахмети истакна дека  во надлежност на Судскиот совет е да постапува според законите. Според извештаите, до денес имало повеќе дисциплински постапки и во нивна надлежност е да постапуваат согласно законот и без било каков внатрешен или надворешен притисок, се вели во соопштението од ДУИ.

И шефот на македонската дипломатија Бујар Османи денеска одговарајќи на новинарско прашање за средбата рече дека веројатно ДУИ е една од оние кои најмногу зборуваат за борбата против корупцијата и дека затоа се бара поддршка од неа.

Премиерот Димитар Ковачевски, смета дека ставот на холандскиот амбасадор е оправдан, но дека треба да каже со име и презиме кој вршел притисок во Врховниот суд.

ППремиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во Владата ќе има промена само на министерското место за локална самоуправа, но не и на челните места на други министерства.

-Во ред ставот на амбасадорот, но ако има притисок, треба да се каже со име и презиме. Јас би ве упатил на тие кои што се задолжени за владеењето на правото, изјави Ковачевски, по вчерашната посета на Универзитетска клиника за ортопедски болести.

Единствена алтернатива на нашата држава, според Ковачевски, е зачленување во Европската Унија, а се друго, како што рече, е утопија и популизам, и порача дека се добредојдени сите кои се за европска интеграција на државата.

Коментирајќи ја средбата меѓу холандскиот амбасадор и лидерот на ДУИ Али Ахмети, вчера лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече дека холандскиот амбасадор го кажал она што ВМРО-ДПМНЕ подолго време го зборува за судството.

Протоколот што вчера го потпишаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија Теодора Генчовска е дипломатски нокаут и капитулација, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

- Амбасадорот на Холандија го потврди тоа што ние го зборуваме со години наназад, дека не владее правото, дека е партизирано и октроирано судството, се вршат притисоци врз судии, се избираат партиски судии и во Судски совет, обвинители се бираат. Сега повторно имаме таков оглас каде набрзина се прават притисоци да се изберат нови судии и обвинители пред одење за да можат на тој начин овие криминалци во Владата да бидат заштитени или барем така мислат дека, ако си постават свои судии и обвинители набрзина дека сето она кое идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го започне тие практично ќе го опструираат во процесот на истраги, судски предмети или пак пресуди во конечен случај, изјави Мицкоски.

Според него, ова е само потврда за сето она што се случува во изминатите години.

Претседателот на Демократско движење, Изет Меџити, вчера пак оцени дека Европската Унија преку холандскиот амбасадор информирала дека Демократска унија за интеграција, како што рече „стана главната кочница за интеграцијата на земјата во ЕУ“.

-Вчерашниот состанок на амбасадорот на Холандија, Дирк Јан Коп, и Али Ахмети, како и пораката пренесена на овој состанок од страна на амбасадорот, уште еднаш даде до знаење пред пошироката јавност дека ДУИ е вистинската пречка за интеграција на земјата во Европска Унија со сите нивни анти-европски и анти-демократски дејствија, и нивните секојдневни коруптивни скандали, изјави Меџити. аа/ев/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан