Ретроспективна изложба „45 години творештво на Мики Трендафиловски“ во Куманово
- Во изложбениот салон во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокипев“, денеска беше отворена ретроспективната изложба „45 години творештво на Мики Трендафиловски“. Изложбата содржи 20-тина
Куманово, 3 декември 2020 (МИА) - Во изложбениот салон во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокипев“, денеска беше отворена ретроспективната изложба „45 години творештво на Мики Трендафиловски“. Изложбата содржи 20-тина слики и цртежи преку коишто се претставени творечките фази на ликовниот автор.
Авторот Трендафиловски потенцираше дека за да бидеш сликар, значи да бидеш човек кој има свој свет, свои погледи и своја приказна на животот која често пати не е разбирлива и прифатена од околината во која живееш, истакнувајќи дека изложбата ја посветува на неговиот син Матеја, чијшто портрет е дел од поставената изложба. Повод за оваа изложба е сликата „Раѓање на …“ создадена во далечната 1974 година кога почнал со активното ликовно творештво. Проектот е поддржан од Министерството за култура.
Мирослав Трендафиловски (Мики) e сликар, роден 1958 година во Куманово, каде живее и работи како самостоен уметник. Досега има реализирано 27 самостојни изложби и учествувал на голем број меѓународни ликовни колонии и групни изложби во земјава и надвор од неа. Заинтересираните можат да ја проследат изложбата, почитувајќи ги здравствените мерки и протоколи сè до 10-ти месецов..ам/фф/