• петок, 22 ноември 2024

Ретклиф планира да укине 300 работни места во Манчестер јунајтед

Ретклиф планира да укине 300 работни места во Манчестер јунајтед

Манчестер, 28 декември 2023 (МИА) - Новиот косопственик на Манчестер јунајтед, Џим Ретклиф, одлучил да укине 300 работни места во клубот од „Олд Трафорд“ пишува „The Guardian“. 

Бизнисменот побарал од ревизорите да ја проценат структурата и трошоците на „Црвените ѓаволи“ за да се изврши оптимизација. Тој има намера да го намали персоналот од 1.000 луѓе за 25-30 проценти. 

Претходно беше објавено дека Ратклиф станал сопственик на 25 отсто од акциите на Манчестер јунајтед. 

Објавено е дека INEOS, со кој претседава 71-годишниот милијардер, сега ќе биде одговорен за сите фудбалски операции во Манчестер јунајтед. зс/ 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан