• петок, 22 ноември 2024

Републиканците од Сенатот денеска избираат нов лидер по 18 години водство на Мич Меконел

Републиканците од Сенатот денеска избираат нов лидер по 18 години водство на Мич Меконел

Вашингтон, 13 ноември 2024 (МИА) - Сенаторите од Републиканската партија, кои се мнозинство во Горниот дом на американскиот Конгрес, денеска одржуваат состанок за избор на нов лидер, по 18 години водство на Мич Меконел.

Подоцна во текот на денот, новоизбраниот лидер на Сенатот ќе има средба со избраниот претседател Доналд Трамп, кој денеска за првпат доаѓа во Вашингтон како победник во претседателската трка 2024 година.

На средбата, републиканските сенатори ќе ги слушнат номинациските говори  за тројцата кандидати, Џон Тун од Јужна Дакота, Рик Скот од Флорида и Џон Корнин од Тексас.

Џон Тун ќе добие номинациски говори од сенаторот Мајк Раундс, негов колега од Јужна Дакота, и сенаторот Стив Дејнс, претседател на Националниот републикански сенаторски комитет.  Рик Скот ќе биде номиниран од сенаторот Марко Рубио, негов колега од Флорида, и сенаторот Бил Хагерти од Тенеси.

Кабинетот на сенаторот Џон Корнин не откри кој ќе ги одржи номинациските говори за него.

Новоизбраниот претседател Трамп, кој денеска за првпат доаѓа во Вашингтон по победата на претседателските избори минатата недела, попладне треба да се сретне со новиот лидер на Сенатот.
Во меѓувреме, и републиканците од Претставичкоит дом се очекува да го потврдат својот лидер, односно се очекува спикерот Мајк Џонс повторно да биде избран на оваа позиција. кб/ 

 

Остани поврзан