• вторник, 14 мај 2024

Репрезентацијата на Узбекистан сензационално ја победи Англија и се пласираше во четвртфиналето на СП за јуниори

Репрезентацијата на Узбекистан сензационално ја победи Англија и се пласираше во четвртфиналето на СП за јуниори

Џакарта, 22 ноември 2023 (МИА) - Репрезентацијата на Узбекистан денес ја победи Англија во осминафиналето на Светското првенство за фудбалери до 17 години.

Средбата се одржа во Џакарта, Индонезија пред околу седум илјади гледачи.

За узбекистанскиот тим погодија Амирбек Саидов (4. минута) и Лазизбек Мирзаев (67. минута). Голот за Англичаните го постигна Џоел Ндала (35. минута).

Репрезентацијата на Узбекистан го повтори најдобриот резултат на Светското првенство за јуниори. Во четвртфиналето тимот ќе игра со победникот од натпреварот Франција – Сенегал што се игра попладнево.

Светското првенство за играчи до 17 години се одржува во Индонезија од 10 ноември до 2 декември 2023 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан