• вторник, 05 ноември 2024

Репортери без граници: ЕК да побара од српските власти да ги изведат пред лицето на правдата одговорните за заканите кон новинарите

Репортери без граници: ЕК да побара од српските власти да ги изведат пред лицето на правдата одговорните за заканите кон новинарите

Нови Сад, 22 април 2024 (МИА) -  Репортери без граници ја повика Европската комисија да апелира до властите во Србија да ги изведат пред лицето на правдата одговорните за заканите кон претседателот на Независното здружение на новинари на Војводина (НДНВ), Ана Лалиќ и програмскиот директор на здружението и универзитетски професор Динко Грухоњиќ.

„Консултирани од ЕК за земјите кои аплицираат за членство во ЕУ, Репортери без граници ги осуди неодамнешните закани кон новинарите Ана Лалиќ и Динко Грухоњиќ. Европската комисија мора да апелира до властите во Србија да направат се за да ги изведат сторителите пред лицето на правдата“, се наведува во соопштението.

Претходните недели преку социјалните мрежи беа упатени бројни закани до Лалиќ и Грухоњиќ, меѓу кои и за убиство на програмскиот директор на НДНВ и професор на Филозофски факултет во Нови Сад.

Грухоњиќ беше обвинет за говор на омраза врз основа на монтирана снимка од трибина во Дубровник од пред една година, каде што наводно го величал усташкиот криминалец од Втората светска војна Динко Шакиќ, што програмскиот директор на НДНВ го отфрли како невистина. паг/

Фото: МИА архива
 

 
 

 

 

Остани поврзан