• понеделник, 23 декември 2024

Реновирањето на „Барселона-Каталуња“ поскапе за 20 милиони евра

Реновирањето на „Барселона-Каталуња“  поскапе за 20 милиони евра

Барселона, 4 март 2024 (МИА) - Поправката и подобрувањата на патеката „Барселона-Каталуња“ ќе чинат 20 милиони евра повеќе од првично планираното, објави весникот „Ел Мундо Депортиво“. 

Каталонската влада веќе најави дека ќе инвестира вкупно 50 милиони евра главно во подобрување на инфраструктурата на популарната патека.

Главните подобрувања се однесуваат на боксовите, покривите на трибините, контролната кула, прес-центарот, како и салите во главната зграда над боксовите. Се гради и нова ВИП област, а се треба да биде целосно подготвено за Формула 1 Шпанското ГП (21-23 јуни).

Сепак, еден месец порано, помеѓу 24 и 26 мај, каталонската патека ќе биде домаќин и на трка од Мото ГП, што значи дека, всушност, дури и тогаш огромното мнозинство од промените треба да бидат целосно завршени. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан