Рекорд: Сер Дејвид Атенборо собра милион следачи за помалку од пет часа
- Познатиот натуралист го отвори својот Инстаграм профил, нагласувајќи дека решил така да му помогне на „светот во неволја“... - Одлучив да го направам овој чекор, да истражам нов облик на кому
Лондон, 28 септември 2020 (МИА) - Познатиот британски водител и љубител на природата, Дејвид Атенборо за пет часа стигна до милион следачи на Инстаграм. Со тоа, тој го урна рекордот на глумицата Џенифер Анистон.
Имено, сер Дејвид Атенборо (94), кој се вклучи на Инстаграм во четвртокот, ги собра првите милион следачи во првите четири часа и 44 минути. Анистон тоа го направи за пет часа и 16 минути во октомври минатата година.
Познатиот натуралист го отвори својот Инстаграм профил, нагласувајќи дека решил така да му помогне на „светот во неволја“... - Одлучив да го направам овој чекор, да истражам нов облик на комуникација, оти, како што сите знаеме, светот е во неволја!, рече Атенборо во видеото на Инстаграм.
- Континентите горат, глечерите се топат, коралните гребени умираат, рибите исчезнуваат од нашите океани... Тој список продолжува. Но, знаеме што треба да се направи за тоа. Во следните недели, ќе објавам пораки за да објаснам кои се проблемите и како можеме да ги решиме, вели тој натаму.
Со Инстаграм-профилот управуваат продуцентите на неговиот неодамнешен филм „Животот на нашата планета“, кој ќе почне да се прикажува во кината следната недела. си/ссм/