Реконструкција на улицата „Александар Урдаревски“ во Скопје
- СООПШТЕНИЕ: Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, извршија увид во завршните работи на реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“, важен проект ветен во програмата „За модерно Скопје“, кој го изведува Јавното претпријатие „Улици и патишта“ - Скопје.
Скопје, 10 февруари 2024
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, извршија увид во завршните работи на реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“, важен проект ветен во програмата „За модерно Скопје“, кој го изведува Јавното претпријатие „Улици и патишта“ - Скопје.
Со реконструкција на оваа важна сообраќајница под надлежност на Град Скопје се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот и истата е исполнување на уште едно децениско барање на жителите.

Имплементацијата на проектот опфати реконструкција на коловозот на улицата на површина од 9.600 м2 и должина од 1270 метри, со изработка на банкини од тампонски материјал и нови рабници, а за граѓаните од овој дел на градот ќе се подигне ново зеленило, садници и соодветно партерно уредување.
Одделение за односи со јавност
Град Скопје
—————————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: Град Скопје