• петок, 22 ноември 2024

Реконструиран и проширен патот до кавадаречко Дреново 

Реконструиран и проширен патот до кавадаречко Дреново 
Кавадарци, 25 октомври 2022 (МИА) - Реконструиран и проширен е патот до кавадаречкото село Дреново, во моментов се работи на негово обележување, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Инвестицијата е околу 30 милиони денари, станува збор за проект од ТАВ програмата, преку Владата на РСМ.
Се работи за реконструкција на пат од околу три илјади метри. Претходно патот беше широк 3.5-4, сега е со широчина од пет метри. Со ова, ќе се патува побрзо и побезбедно. свд/сст/

Остани поврзан