• вторник, 24 декември 2024

Режисерот Џастин Лин се откажа од „Брзи и бесни 10“

Режисерот Џастин Лин се откажа од „Брзи и бесни 10“
Лос Анџелес, 28 април 2022 (МИА) - Џастин Лин, кој требаше да го режира „Брзите Х“ (Fast X) - 10-от дел од серијалот „Брзи и бесни“, објави дека повеќе нема да седи во режисерското столче за овој филм. Лин, кој го напиша сценариото заедно со Ден Мазо и режираше пет други филмови од овој серијал, ја сподели веста на профилот на филмот на Инстаграм. - Со поддршка на „Јуниверзал“ донесов тешка одлука да се повлечам како режисер на „Брзите X“, вели Лин во соопштението, и додава дека тој ќе продолжи да работи на проектот како продуцент. „Повеќе од 10 години и пет филмови, успеавме со најдобрите глумци, да ги снимаме најдобрите акробации и најдобрите 'проклети' брканици со автомобил“, нагласи режисерот. Тој додаде и „лична белешка“: „Како дете на азиски доселеници, горд сум што помогнав да се изгради оваа најразновидна франшиза во филмската историја. Засекогаш ќе бидам благодарен на неверојатната актерска и филмска екипа, и студиото за нивната поддршка и што ме пречекаа во семејството 'Брзи'!“, заклучи тој. Снимањето на 10-от дел почна минатата недела, а како што беше најавено, досегашните ѕвезди Вин Дизел, Мишел Родригез, Сунг Канг, Лудакрис, Џордана Брустер, Тајрис Гибсон и Натали Емануел ќе ги продолжат своите улоги. Исто така, се враќа и раперката Карди Би, која имаше впечатлива епизодна улога во „Брзите 9“. Меѓу позвучните нови имиња меѓу глумците, засега се Џејсон Момоа и оскаровката Бри Ларсон. Инаку, според Семрежната филмска база на податоци - ИМДБ, можен поднаслов на новиот филм е „Последното возење“, што укажува дека ова, веројатно, ќе биде последното продолжение на сагата. Прикажувањето е закажано за 19 мај 2023 година.  си/

Остани поврзан