• сабота, 23 ноември 2024

Годишно собрание на Национална федерација на фармери

Годишно собрание на Национална федерација на фармери

Скопје, 24 април 2023 (МИА) - Националната федерација на фармери денеска ќе одржи редовна седница на Годишно собрание на НФФ, на која ќе се разгледаат активностите кои следуваат за тековната година и извештаите од претходната година.

На свечениот дел, како што најавија од НФФ, ќе се обратат претставници од Федерацијата и претставници од инститиции и организација кои во текот на изминатиот период соработувале со организацијата, вклучувајќи ја и претседателката на НФФ Васка Мојсовска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и регионалната директорка на We Effect Europe, Анели Леина.

На седницата ќе бидат доделени благодарници за соработка со Националната федерација на фармери и ќе се презентира краток видео запис за активностите и резултатите на НФФ. дма/са/

 

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан