Редовен годишен состанок на Постојниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО викендов во Скопје
- Редовниот годишен состанок на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, во кој членуваат шефовите и заменик-шефовите на националните парламентарни делегации, ќе се одржи викендов во Собранието на Република Северна Македонија.

Скопје, 4 април 2025 (МИА) – Редовниот годишен состанок на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, во кој членуваат шефовите и заменик-шефовите на националните парламентарни делегации, ќе се одржи викендов во Собранието на Република Северна Македонија.
Шефот на Делегацијата од Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, Драган Ковачки, споделувајќи ја на Фејсбук најавата на Парламентарното собрание на НАТО порача дека „ова е првпат Македонија да е домаќин на парламентарна активност на НАТО“.
- Денеска се одбележуваат 76 години од основањето на НАТО – камен-темелник на европската и северноамериканската безбедност. Овој викенд во Скопје, Постојаниот комитет на ПС НАТО ќе прослави пет години Северна Македонија во НАТО, напиша на Фејсбук Парламентарното собрание на НАТО.
Парламентарното собрание на НАТО (ПС на НАТО) е мултилатерална организација која воспоставува суштинска врска меѓу НАТО и Парламентите на НАТО нациите, обезбедува поширока транспарентност на политиките на НАТО и придонесува да се зајакнат трансатлантските вредности на Алијансата.
ПС на НАТО брои 281 делегат од 32 земји членки на НАТО, како и делегати од асоцијативни земји членки, регионални партнери и од медитеранските асоцијативни земји членки, како и парламентарни набљудувачи од други земји и парламентарни собранија и делегација од ЕП. аа/мд/
Фото: МИА архива