• петок, 22 ноември 2024

Регистрирани 365 нови случаи на Ковид-19, 594 оздравени и 37 починати пациенти

Регистрирани 365 нови случаи на Ковид-19, 594 оздравени и 37 починати пациенти
Скопје, 30 април 2021 (МИА) - Според податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.820 тестирања, при што се регистрирани 365 нови случаи на КОВИД-19, како и 594 оздравени пациенти и 37 починати лица, од кои 10 починале во период од 15 до 25 април 2021 година. Од вкупниот број новорегистирани заболени од Ковид-19 од Скопје се 166, Куманово 27, Битола 19, Струмица 17, од Прилеп и Велес по 15, Кавадарци 12, Тетово 11, Кичево 10, од Охрид, Свети Николе и Виница по 9, Штип 8, Ресен 6, Гостивар 5, Струга 4, од Кочани, Берово и Македонска Каменица по 3, Крива Паланка, Радовиш и Дебар по 2 и по еден новозаболен има во Неготино, Делчево, Пробиштип, Богданци, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Пехчево. Од регистрираните 594 оздравени пациенти од Скопје се 240, Битола 42, Куманово и Велес по 39, Прилеп и Гевгелија по 26, Гостивар и Струмица по 23, Штип 20, Кочани 15, Берово 14, Тетово 13, Охрид 12, Кичево 10, Свети Николе 8, Делчево 7, Ресен, Дебар, Виница и Македонски Брод по 5, Валандово и Богданци по 3, Струга, Радовиш, Пехчево и Дојран по 2 и Пробиштип, Демир Капија и Македонска Каменица по 1. Од пријавените вкупно 37 починати лица, 11 се од Скопје (50г, 54г, 57г , 58г, 71г, 74г, 82г, 84г, 85г, 87г, 89г ), 8 лица од Струмица (63г,64г, 66г,70г, 71г,76г,76г и 79г), 4 лица од Битола (67г, 74г, 82г и 88г), по 3 лица од Тетово (56г, 60г и 67г) и Штип (63г, 72г и 77г), по 2 лица од Куманово (75г и 79г), Кавадарци (64г и 73г), и Кочани (77г и 88г), и по едно починато лице од Прилеп (82г), и Свети Николе (58г). Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 34 се починати во болнички услови. Во вкупната бројка се пријавени и 10 пациенти кои се починати во период од 15 до 25 април 2021 година. Направени се 2.820 тестови и тоа преку ИЈЗ-366, ЦЈЗ Скопје-61, ЦЈЗ Битола-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - 1, Судска медицина - 15, лабораторија болница Козле - 0, УК Пулмологија со алергологија – 2, ГОБ 8-ми Септември - 11, Институт за микробиологија – 75, МАНУ - 106, Жан Митрев (Филип Втори) - 159, Авицена -242, Биотек - 666, Систина - 148, лабораторија Лаор - 156, Синлаб - 52, Ремедика - 65, Плодност – 48, Генеа – 15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 571. Досега во земјата се направени вкупно 721.446 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.367, бројката на оздравени пациенти е 132.765, на починати е 4.855, а бројот на активни случаи изнесува 14.747. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 67310, активни 6657 Куманово 8527, активни 1090 Прилеп 8172, активни 679 Тетово 7095, активни 549 Битола 6148, активни 947 Велес 5402, активни 527 Гостивар 5117, активни 354 Кавадарци 5109, активни 363 Штип 4890, активни 369 Охрид 4907, активни 464 Струмица 4007, активни 489 Струга 2940, активни 160 Кочани 2721, активни 239 Кичево 2471, активни 267 Гевгелија 2176, активни 234 Неготино 2153, активни 179 Свети Николе 1488, активни 116 Крива Паланка 1208, активни 60 Ресен 1209, активни 192 Радовиш 1088, активни 99 Берово 1015, активни 51 Делчево 951, активни 83 Дебар 930, активни 36 Виница 817, активни 124 Пробиштип 772, активни 32 Валандово 660, активни 64 Богданци 489, активни 61 Крушево 480, активни 100 Демир Капија 394, активни 24 Демир Хисар 388, активни 68 Кратово 353, активни 10 Македонски Брод 354, активни 17 Пехчево 262, активни 20 Македонска Каменица 232, активни 15 Дојран 132, активни 8. сп/

Остани поврзан