• среда, 13 ноември 2024

Регионален транспортен авион се урна кај Москва при пробен лет, загинаа тројца членови на екипажот

Регионален транспортен авион се урна кај Москва при пробен лет, загинаа тројца членови на екипажот

Москва, 12 јули 2024 (МИА) - Регионален транспортен авион „Сухој Суперџет 100“ се урна денеска југоисточно од Москва за време на пробен лет без патници, а се верува дека тројца членови на екипажот кои биле во авионот загинале, јавуваат руските агенции. 

„Авионот се урнал во шумска област и експлодирал кога ја допрел земјата. Според прелиминарните податоци, екипажот загинал, соопшти службата за итни случаи, пренесува руска новинска агенција.

Авионот што го изврши пробниот лет е во сопственост на гасниот гигант „Гаспром“, јави руска државна новинска агенција, повикувајќи се на спасувачките служби. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан