• недела, 30 јуни 2024

Ребел Вилсон потврди дека има нова девојка

Ребел Вилсон потврди дека има нова девојка
Лос Анџелес, 19 август 2022 (МИА) - Американската глумица Ребел Вилсон и нејзината девојка, дизајнерката Рамона Агрума, веќе не ја кријат својата љубов. Папараци ги снимиле како се шетаат низ Лос Анџелес и си разменуваат прегратки и бакнежи. Во јуни Ребел на Инстаграм ја објави веста за нејзиниот љубовен живот... „Мислев дека го барам мојот принц од ‘Дизни’... Но, можеби она што навистина ми требаше сето тоа време беше принцезата на ’Дизни‘,“ напиша тогаш глумицата до фотографијата со својата нова девојка. Ребел се појавуваше со Рамона на бројни настани последниве неколку месеци, но првично се претпоставуваше дека тие се само добри пријателки.  си/

Остани поврзан