• недела, 22 декември 2024

Реал со Рудигер и Чоамени во Суперкупот на УЕФА, Костиќ нема да игра за Ајнтрахт

Реал со Рудигер и Чоамени во Суперкупот на УЕФА, Костиќ нема да игра за Ајнтрахт
Мадрид, 9 август 2022 (МИА) - Реал Мадрид замина во Хелсинки на мечот со Ајнтрахт за Суперкупот на УЕФА. Главниот тренер на Мадрид, Карло Анчелоти вклучи 25 играчи на списокот кои ќе конкурираат за натпреварот. Тука се и новодојдените во клубот - дефанзивецот Антонио Рудигер и играчот од средниот ред Аурелиен Чуамени. Од друга страна, Ајнтрахт Франкфурт објави дека офанзивниот играч за врска Филип Костиќ нема да учествува на натпреварот. Србинот се договори за трансфер во Јувентус. Реал Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт ќе играат во Хелсинки на 10 август. Натпреварот започнува во 21 часот. За прв пат на ова ниво во натпревар под покровителство на УЕФА ќе се користи полуавтоматски систем за определување офсајд. зс/

Остани поврзан