• петок, 22 ноември 2024

Реал повторно е „кралот на Европа“!

Реал повторно е „кралот на Европа“!

Лондон, 1 јуни 2024 (МИА) - Реал Мадрид повторно е „кралот на Европа“! „Лос Бланкос“ ја победи Борусија Дортмунд со 2:0 во финалето на Лигата на шампионите на стадионот „Вембли“ и по 15-ти пат триумфираа како европски клупски шампиони.

Дани Карвахал и Винисиус беа херои за шпанскиот тим. Дефанзивецот го отвори резултатот во 74. минута, а бразилскиот напаѓач ја запечати победата во 83. минута.

На овој начин Реал триумфираше во 9-то последователно финале на најкомерцијалниот клупски турнир. Борусија Дортмунд остана со еден трофеј од Лигата на шампионите и две загубени финалиња.

Карло Анчелоти, исто така, продолжи да урива рекорди. Го освои трофејот по петти пат - три пати со Реал Мадрид и двапати со Милан.

Финалето во Лондон се претвори во испраќање за двајца големи фудбалери – Тони Крос од Реал Мадрид и Марко Ројс од Борусија Дортмунд. Ѕвездата на „кралевите“ ќе ги закачи копачките како европски шампион бидејќи ова е последен натпревар во неговата кариера на клупско ниво. За Ројс ова беше последен меч со „жолто-црниот“ дрес. дс

Фото: УЕФА

Остани поврзан