• понеделник, 13 мај 2024

Реал не размислува за купување на Мбапе во зима

Реал не размислува за купување на Мбапе во зима
Мадрид, 4 јануари 2022 (МИА) – Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе нема да биде продаден на Реал Мадрид оваа зима. Според „El Chiringuito“, шпанскиот клуб не ни размислува да го придобие 23-годишниот напаѓач во јануари. И самиот играч нема да го напушти Париз до крајот на сезоната, со надеж дека ќе ја освои оваа Лига на шампиони, а потоа ќе се пресели во Реал. Претходно беше објавено дека мадридскиот тим понудил 50 милиони евра за Мбапе. зс/

Остани поврзан