• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Реал Мадрид ќе го продолжи договорот со Асенсио во наредните месеци

Реал Мадрид ќе го продолжи договорот со Асенсио во наредните месеци

Мадрид, 29 март 2025 (МИА) - Реал Мадрид е уверен дека ќе го продолжи договорот со Раул Асенсио во наредните месеци, објавија некои шпански медиуми.

Договорот ќе трае до летото 2031. Фудбалерот сака да остане во мадридскиот клуб и покрај интересот на три врвни европски клубови.

Дваесет и двегодишниот Шпанец оваа сезона одигра 29 натпревари за Реал и забележа две асистенции.

Актуелниот договор на Асенсио со Реал истекува летото 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан