• сабота, 06 јули 2024

Реал Мадрид го совлада Еибар во првиот натпревар по рестартирањето на сезоната

Реал Мадрид го совлада Еибар во првиот натпревар по рестартирањето на сезоната
Мадрид, 14 јуни 2020 (МИА) – Реал Мадрид вечерва во натпревар од 28. коло од шампионатот на Шпанија го совлада Еибар со резултат 3:1. Головите за домаќините ги постигнаа Тони Крос, Серхио Рамос и Марсело, за гостите погоди Педро Бигас. Овој натпревар беше прв за екипите по продолжувањето на сезоната, суспендирана поради пандемијата на коронавирус. Мадридскиот клуб своите натпревари како домаќин ги игра на натпревари во клупската база, бидејќи „Сантијаго Бернабеу“ се реновира. Средбите во Ла Лига се играат без публика. По оваа средба, Реал со 59 бода е на второто место на табелата, додека Еибар со 27 поени е 16-ти. Лидер е Барселона со 61 бод. зс/

Остани поврзан