• петок, 03 мај 2024

Реал го победи Бетис, Рамос постигна гол во својата 17. последователна сезона во Ла Лига

Реал го победи Бетис, Рамос постигна гол во својата 17. последователна сезона во Ла Лига
Севиља, 26 септември 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос постигна гол од белата точка на натпреварот од 3. коло на шампионатот на Шпанија против Бетис. Неговиот тим го доби натпреварот со 3:2. Рамос постигнува гол во својата 17. последователна сезона во Ла Лига. Минатата сезона беше најпродуктивна за него - 11 гола на 35 натпревари. Рамос исто така погоди од белата точка по 24-ти пат по ред, вклучително и на натпреварите од куп-турнирите. зс/

Остани поврзан