• сабота, 18 мај 2024

Реал го освои шпанскиот Суперкуп

Реал го освои шпанскиот Суперкуп
Ријад, 16 јануари 2022 (МИА) - Реал Мадрид вечерва во Ријад го победи Атлетик Билбао во финалето на шпанскиот Суперкуп. Средбата заврши со резултат 2:0. Лука Модриќ го отвори резултатот во 38. Минута, во 52. минута Карим Бензема го удвои водството на Реал. За „кралскиот клуб“ ова е 12-ти трофеј во шпанскиот Суперкуп. Претходно до трофејот Реал стигна во 1988, 1989, 1990, 1993, 1997, 2001, 2003, 2008, 2012, 2017 и 2019/20. Поуспешна во ова натпреварување е само Барселона со вкупно 13 трофеи. зс/

Остани поврзан