Реализиран проектот „Културно-историски знаменитости во Охридското Езеро“
- Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид во соработка со Завод и музеј Охрид успешно го реализира проектот „Културно-историски знаменитости во Охридското Езеро“.
Скопје, 21 септември 2022 (МИА) - Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид во соработка со Завод и музеј Охрид успешно го реализира проектот „Културно-историски знаменитости во Охридското Езеро“.
Во Музејот на вода е поставена информативна табла каде што со скенирање на QR-код туристите ќе можат да го погледаат видеото и да се запознаат со подводното културно наследство во Охридското Езеро.
- На прикажаното видео можат да се погледаат подводниот археолошки локалитет „Плоча Миќов Град“. Покрај населбата, во близина на локалитетот на 18 метри длабочина поединечни наоди на цели и фрагментирани покривки Лаконски тип на тегули кои како градежен материјал се употребувале во периодот од 6-ти век пр.н.е. па се до 7-ми век наша ера, како и складишни садови - питоси на 5, 34 и 45 метри длабочина, кои според карактеристиките датирани се во периодот на доцната антика (V - VI век н.е.), информираат од Нуркачкиот центар „Амфора“.
Проектот е финансиран од Општина Охрид и одделението за Туризам и локален економски развој. дма/сп/
https://www.youtube.com/watch?v=5fb1i3htmx4