• понеделник, 23 декември 2024

Реакција на СДСМ на интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски за Алсат

Реакција на СДСМ на интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски за Алсат
Скопје, 28 јануари 2021 Мицкоски за легитимитет да не зборува, тој е само маша на лидерот од Будимпешта Христијан Мицкоски е последен што може да зборува за легитимитет, тој неговиот го црпи од Будимпешта од каде ги добива сите одобрувања и наредби за својата работа. ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија со лидер осуден за криминал кој живее во друга земја, а во партијата има поставено вршител на должност. Премиерот Димитар Ковачевски и актуелната Влада имаат полн капацитет, легитимитет и проширено мнозинство. Оттаму, наместо постојано да ја оптоварува јавноста со барање избори, Мицкоски да се обиде еднаш да се издигне над партиските интереси и наредбите од Будимпешта и да застане во интерес на граѓаните. Да ги поддржи проектите и реформите во интерес на граѓаните и да покаже државност ако било кога во иднина сака да ја добие довербата од грѓаните. Деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ ги надминува сите граници, а желбата за избори на сметка на грбот на граѓаните е дегутантна. Неспособноста на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сака да ја покрие со постојани барања за предвремени избори. Во период на енергетска и економска криза, во ситуација кога парламентарното мнозинство е стабилном, а Владата има полн легитимитет, потребна е работа за да се надминат последиците од кризите, а не предвремени избори и ново закочување, нови блокади. Но, тоа е односот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните и државата. Не нудат никакви решенија, не предлагаат ништо, немаат став за ништо, но затоа постојано само бараат избори само нешто кочат и блокираат, а нивните градоначалници не работат ништо освен што ги партизираат изборите. Затоа Мицкоски вечерва се обиде да бара оправдувања, затоа и му се брза за избори, затоа што знае дека граѓаните гледаат колку се неспособни и неуспешни неговите градоначалници, но предвремени парламентарни избори нема да има. Следните избори ќе бидат во редовниот термин, во 2024 година. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан