• среда, 01 мај 2024

Реакција на СДСМ на говорот на Христијан Мицкоски на трибината во Куманово

Реакција на СДСМ на говорот на Христијан Мицкоски на трибината во Куманово

Скопје, 16 мај 2023 

Не е точно тоа што го говори Мицкоски, вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ ги тепаше студентите,  на плоштад, по библиотеки и студентски домови.

Тоа добиваа студентите од ВМРО-ДПМНЕ, непочитување и ќотек.

СДСМ обезбеди субвенциониран студентски оброк и ја зголеми дневната сума којашто дополнително ќе се усогласува и со инфлациската стапка.

Студентскиот оброк, за прв пат воведен пред две години од страна на СДСМ.

Христијан Мицкоски е познат по тоа што многу често лаже, нема став и целосно е во заложнитво на Апасиев.

Исто така Мицкоски е познат и по тоа што не се огради за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и неговиот шеф Никола Груевски.

Тоа јавноста, граѓаните го видоа и слушнаа и денеска од Куманово.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

Остани поврзан