• сабота, 06 декември 2025

Реакција на Демократско движење на соопштение на СДСМ

Реакција на Демократско движење на соопштение на СДСМ

Скопје, 23 февруари 2025

Денешниот повторен напад врз вицепремиерот Изет Меџити е уште еден доказ за тоа колку малку им треба на СДСМ за да го покаже своето вистинско лице – партија која сè уште е заробена во минатото, партија која не може да се ослободи од наследството на поделби, манипулации и селективна правда.

На СДСМ им недостасува нивниот послушен ДУИ! Тие се изгубени без Артан Груби и Бујар Османи – нивните долгорочни партнери во коруптивните шеми, кои со години ги жртвуваа интересите на Албанците за свои лични, пријателски и фамилијарни интереси. Сега, кога ДД е партијата што работи исклучиво за доброто на граѓаните, СДСМ не знае како да се справи со тоа, па прибегнува кон евтини напади и неосновани обвинувања.

Демократското движење нема да дозволи да биде замолчена! Ние ќе продолжиме да работиме во интерес на Албанците и сите граѓани на Северна Македонија. Додека СДСМ се занимава со празни обвинувања, ДД вложува во инфраструктурата, образованието и економскиот развој. Вистинските промени не доаѓаат од оние кои со децении ја злоупотребуваа власта, туку од новите сили кои носат реални резултати.

Ги повикуваме СДСМ да престане со нападите врз етничка основа, затоа што тоа само покажува дека нивната политика е застарена и заснована на поделби. Северна Македонија не е земја на привилегирани елити, туку на сите нејзини граѓани! Изет Меџити работи според закон и ќе продолжи да работи така, во интерес на Албанците и сите граѓани на Северна Македонија.

Демократското движење ќе продолжи да работи чесно, транспарентно и во интерес на сите граѓани – без разлика на нивната етничка припадност!

Демократско движење

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан