• недела, 16 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Реакција на Град Скопје на изјави на Висар Ганиу и Златко Перински

Реакција на Град Скопје на изјави на Висар Ганиу и Златко Перински

Скопје, 24 февруари 2025

Висар Ганиу основи на математика требало да научи до 4 одделение, средствата кои правните и физички лица од општина Чаир ги исплаќаат по сите основи за даноци и комуналии се делат пропорционално меѓу градот Скопје и општината, а тие средства за целиот изминат мандат не надминуваат 1,2 милиони годишно за Градот и исто толку за општина Чаир. 

Средствата се инвестираат во тековни и нови проекти во инфраструктура, водовод, зеленило, исчистени се над 40 диви депонии. Висар Ганиу да не добиеше пари за проекти од владата на ВМРО ДПМНЕ немаше да има со што да се фотографира, а дополнително треба да даде отчет на што ги потрошил 1,2 милиони годишно од средствата на чаирчани кои тие ги имаат уплатено на неговата сметка.

Од друга страна разбирливи се негативните изјави и гневот на министерот Златко Зизи Перински, кој дели квалификации за Градоначалничката која го смени од функција директор поради скандалот кој беше квалификуван како фаќање на неговите рачиња во мед.


Одделение за односи со јавност на Град Скопје

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива

Остани поврзан