• понеделник, 23 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на лидерот на СДСМ

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на лидерот на СДСМ
Скопје, 21 март 2021  Заев го избраа на избори каде беше единствен кандидат како во Северна Кореја. Заев одржа партиски избори во училишта, општински простории, државни институции. Заев одржа прес конференција во штаб на СДСМ среде полициски час. Прашањето е зошто народот да плаќа казни за неносење маска, а Заев да држи пресови во среде полициски час и дали следи казна за партиските војници на СДСМ кои евидентно го прекршија полицискиот час? Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Остани поврзан