• сабота, 23 ноември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за назначувањето на Фрчкоски за амбасадор во ОН

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за назначувањето на Фрчкоски за амбасадор во ОН
Скопје, 2 март 2022 Тежок блам за Пендаровски, човек кој тепаше жени ќе ја преставува државата во ООН. Љубомир Фрчкоски е човек кој беше пријавен за тепање на жена на паркинг, тој е човекот кој беше обвинет за учество во шверцот на нафта и цигари во 90тите години. Во време на Фрчкоски се случи атентатот врз Претседателот Киро Глигоров, кој потоа никогаш не беше расчистен. Љубомир Фрчкоски е човек со сомнително минато, кој ќе остане запаметен по скандали и криминали. Соединетите американски држави не го прифатија Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон, а сега Пендаровски го праќа на нивна територија во Њујорк. Пендаровски ги потценува САД. Пендаровски го нарушува угледот на Македонија. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _____________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан