• вторник, 05 ноември 2024

Реакција на Агенција за филм на изнесените ставови на уредникот на ТВ Алфа

Реакција на Агенција за филм на изнесените ставови на уредникот на ТВ Алфа

Скопје, 29 септември 2023

Агенција за филм во целост го демантира тврдењето на режисерот и главен уредник на ТВ Алфа, Јани Бојаџи, Агенцијата никогаш нема да биде дел од дневно политички кампањи за собирање поени во партиски цели.

За волја на вистината, сепак фактите велат дека прв филм финансиран од страна на Агенцијата за филм при Владата на РСМ предводена од политичката партија на власт – СДСМ е токму филм во режија на Јани Бојаџи.

Целосно ги отфрламе сите наводи за било каква дискриминација по етничка, родова, идеолошка или било каква припадност и целосно ги демантираме изјавите од страна на авторот Јани Бојаџи дека за оценувањето на неговите проекти биле ангажирани посебни читачи (рецензенти) и од таа причина најавуваме тужба за клевета.

Доколку било кое заинтересирано лице или новинар и самиот режисер кој никогаш не побарал увид за документацијата од конкурсот до сега, може да дојде во Агенција за филм и да ја разгледа апликацијата. Особено ги повикуваме новинарите заради правично информирање на македонската јавност да направат увид на целокупната документација за која говори Јани Бојаџи.

Агенција за филм

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан