• четврток, 19 декември 2024

Реакции по повод потпишувањето на Договорот за извоз на украинското жито

Реакции по повод потпишувањето на Договорот за извоз на украинското жито
Истанбул, 22 јули 2022 (МИА) - По потпишувањето на Договорот за извоз на украинското жито претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека тоа ќе „спаси милијарди луѓе кои се соочуваат со глад“ поради блокадата на украинските пристаништа. - Овој Договор би можел да биде пресвртница што ќе ја оживее надежта за мир, истакна Ердоган. Додека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, потписник на Договорот истакна дека Русија „презема обврска“ дека нема да ја искористи ситуацијата. - Нема да го искористиме фактот што пристаништата ќе бидат исчистени (од мини) и отворени. Ја презедовме ова обврска, посочи Шојгу. Претходно Европска Унија го поздрави Договорот за извоз на украинското жито, што денеска беше потпишан во Истанбул, оценувајќи го како „критичен чекор напред“. ЕУ ја поздрави и улогата на медијатор на Турција во овој спор како важна поддршка за применување на Договорот. ЕУ најави дека ќе продолжи да и помага на Украина да го извезува своето жито на глобалниот пазар најбрзо што може, само во јуни, преку ЕУ, е обезбеден извоз на 2,5 милиони тони од Украина, а до 2024 ЕУ ќе мобилизира 7,7 милијарди евра за оваа цел, во соработка со Обединетите Нации и со Г-7. Последниот пакет санкции против Русија на ЕУ исто така предвидува изземање на земјоделските производи. ми/

Остани поврзан