• среда, 25 декември 2024

Рајчева: Во Бугарија блокирани 50.000 ИП адреси од Русија и Белорусија

Рајчева: Во Бугарија блокирани 50.000 ИП адреси од Русија и Белорусија
Софија, 11 јули 2022 (МИА) - Од почетокот на конфликтот во Украина, блокирани се околу 50.000 ИП адреси и околу 500 домени од Русија и Белорусија, од кои се извршени обиди за хакерски напади во Бугарија, изјави заменик министерката за внатрешни работи на Бугарија, Тања Рајчева на неформалниот состанок на Советот „Правда и внатрешни работи“, кој се одржа денеска во Прага, соопшти прес-центарот на Министерството.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, на национално ниво во Бугарија се прават активни напори за спротивставување на дезинформациите и лажните вести.
Рајчева ја потврди и подготвеноста на Бугарија за размена на информации, добри практики и соработка за конкретни прашања и како пример го посочи директниот контакт меѓу раководителите на специјализираните единици за борба против компјутерскиот криминал во Бугарија и Украина.
Тања Рајчева рече дека Бугарија ги поддржува сите акции на ЕУ и европските агенции со нивните аналитички производи и оперативен капацитет за зајакнување на оперативната соработка за поддршка на Украина и Молдавија во овој конфликт испровоциран од Русија. нк/паг/
 
 
 

Остани поврзан