• понеделник, 23 декември 2024

„Рација“ во угостителски објект во Желино – затекнати странски државјанки без регулиран престој

„Рација“ во угостителски објект во Желино – затекнати странски државјанки без регулиран престој

Скопје, 1 декември 2024 (МИА) - Полициски службеници при извршена акциска контрола во угостителски објект на излез од Тетово затекнале вкупно 17 женски лица, од кои шест странски државјанки со нерегулиран престој во државава, соопшти попладневе Министерството за внатрешни работи.

-Денеска во периодот од 00:30-03:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на регионален пат Тетово- село Желино на излез од Тетово, каде биле затекнати вкупно 17 женски лица од кои една наша државјанка, и десет странски државјанки со дозвола за привремен престој за странци. При контрола исто така биле затекнати и шест странски државјанки со нерегулиран престој во државава -  Б.В.(44) од Р.Украина, М.А.М(20) од Р.Романија, К.А.(20) од Р.Украина, А.Н.(33) од Р.Украина, К.Н.(30) од Р.Казахстан, М.Л.А.(28) од Р.Франција, и тие се приведени во полициска станица за понатамошна постапка, се наведова во соопштението на МВР. фф/ев/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан