• четврток, 10 октомври 2024

Раул повеќе не е тренер на младинскиот тим на Реал

Раул повеќе не е тренер на младинскиот тим на Реал

Мадрид, 10 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на младинскиот тим на Реал Мадрид, Раул, ќе ја напушти функцијата по крајот на сезоната, објави „Марка“.

Според шпанскиот спортски портал, на местото на Раул ќе дојде поранешниот дефанзивец на „кралскиот клуб“, Алваро Арбелоа, кој моментално работи со играчи до 19 години. 

Раул најверојатно ќе заземе друга позиција во клубот. Забележано е дека тој може да заземе место во стручниот штаб на Карло Анчелоти.

Легендата на Реал го предводеше младинскиот тим од 2019 година. Како играч, тој настапуваше за сениорскиот тим од 1994 до 2010 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан