• понеделник, 23 декември 2024

Расчистени 11 кривични дела „тешка кражба“ и 2 кривични дела „прикривање“ на подрачјето на Радовиш

Расчистени 11 кривични дела „тешка кражба“ и 2 кривични дела „прикривање“ на подрачјето на Радовиш

Скопје, 17 ноември 2023 (МИА) - Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против М.Ј.(20) од Штип, С.Р.(22) од Радовиш, Т.Ј.(18) од Штип, Ј.А.(22), Љ.Т.(66)  и Б.А.(31) од Радовиш.

-М.Ј., С.Р., Т.Ј. и Ј.А. во периодот од март до септември годинава во куќи и викенд куќа на подрачје на Радовиш извршиле 11 кривични дела „тешка кражба“ по член 236. од Кривичниот закон, а Љ.Т. и Б.А. се сомничат за сторени две кривични дела „прикривање“, односно поради тоа што прикриле дел од предметите кои осомничените ги одзеле при вршење на кражбите, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Со извршените кривични дела, лицата се стекнале со имотна корист во висина од 170.300 денари. љм/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан